Германија бара од ВМРО-ДПМНЕ да покаже волја за Договорот од Пржино

by Фокус 17:46
17:46

Специјалниот ополномоштеник за Западен Балкан, Турција и државите на ЕФТА, д-р Ернст Рајхел, пред два дена го поканил на разговор македонскиот амбасадор во Германија, Сашо Марковски, во Mинистерството за надворешни работи, за да му ги пренесе разочарувањето и загриженоста на Сојузната Влада за имплементацијата на спогодбата од Пржино, која сѐ уште изостанува, соопшти германската амбасада.

Рајхел истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ мора да ја покаже потребната волја и најбрзо што може конструктивно да ги спроведе Спогодбите од 2 јуни и 15 јули 2015 година.

- Advertisements -

Како што соопштуваат од германската амбасада, понатамошно неспроведување ќе има последици врз оценувањето на земјата од страна на Европската комисија во претстојниот извештај за напредок. Рајхел истакнал дека СДСМ мора и понатаму да се однесува конструктивно и да се придржува до обврските преземени со спогодбата од Пржино, особено да не објавува понатамошни снимки од телефонски разговори.

Поврзани новости