736
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас со два гола придонесе вечерва во победата на Наполи на домашен терен над Лестер 3:2 (2:2) во завршното коло од групната фаза во Лига Европа со која италијанскиот тим обезбеди пласман во нокаут фазата.
Елмас, кој го одигра целиот натпревар, беше прецизен во 24. и 53. минута и дојде до бројката од четири постигнати голови сезонава во Лига Европа.
Со триумфот Наполи го освои второто место во групата Ц и обезбеди место во шеснаесетфиналето во второто по ранг европско клупско натпреварување.