746
Во собраниска процедура денеска треба да влезат законите за Влада, изборниот закон, законот за укажувачите, законот за заштита на приватноста и одлуката за формирање анкетна комисија за прислушувањето. За денеска напладне е закажана координација на пратеничките групи на која се очекува да стане збор за договорените закони.
Според најавите, се очекува во текот на денов законите да бидат ставени во собраниска процедура и да биде закажано заседанието на собраниските седници на кои би се гласало за нив. Законите беа договорени меѓу лидерите на политичките партии согласно договорот во Пржино.