Лекарите бараат оставка од министерот Тодоров

by Фокус 12:40
12:40

Лекарите од клинички центар истапуваат со барања пред властите, по денешниот настан во кој еден доктор беше ранет со огнено оружје.

Тие бараат оставка од министерот за здравство Никола Тодоров и итни измени на законите што ја регулирраат оваа сфера. Во спротивно се закануваат дека нема да вршат воопшто операции на клиничкиот центар во хируршките клиники.

- Advertisements -

– Морална одговорност од министерот за здравство, законот за здравствена заштита да се врати како тој пред 2011 година, од кога со измените лекарите се доведени во ваква состојба и Лекарската комора да предложи закон за лекари кој Владата ќе го прифати без забелешки – се барањата на лекарите по денешната средба.

Во хирургот Љубомир Оненовиќ беше пукано од страна на роднини на пациент кој почина. Хирургот е надвор од животна опаснопст.

Клиниките во моментов се затворени. Во болницата врие од полиција, а не се пропуштаат нови пациенти, освен, се разбира ако не станува збор за итен случај.

Поврзани новости