686
Националната ослободителна армија (НОА) ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад на зградата на Владата на Република Македонија што се случи на 28 октомври. Ова го пишува во коминикето испратено до националната телевизија Алсат-М, а е потпишано од извесен Куштрим.
Во дописот се вели дека НОА не е задоволна од досега реализираното според Охридскиот рамковен договор и дека Албанците во Македонија се обесправени.
Од МВР досега соопштија дека, на 28 октомври, околу 22 часот, во близина на Владата се слушнале две детонации.
„По неколку часа, на фасадата на зградата во која е сместена Владата пронајдени се два забиени проектила. Извршен е увид, проектилите се подигнати и предадени на вештачење“, информираа од МВР.