Во петок ( 26.05.2017) од 10 до 12 часот ќе се одржи мирен протест на граѓаните пред зрадата на Основен суд 2, најавува Здружението за заштита на правата на граѓаните „Но Пасаран“.
„Протестот е поради поврзаноста на дел од судиите со двете криминални компании Топлификација и БЕГ. Најголемите заработки на овие компании не се од нивните основни дејности, туку од измислените судски процеси против илјадници граѓани. Поради тоа е организирана криминална шема помеѓу лица од правните служби на овие компании и дваесетина судии. Ние во неколку наврати пробавме да закажеме и состанок со претседателот на судот, но секогаш тој е недостапен за нас па не упатува кон судскиот администратор чија сопруга е вработена во иситот тој суд и е вмешана во судските пресуди против граѓаните“, велат од здружението „Но Пасаран“.
На протестот на судиите, како што велат, ќе бидат прочитани делови од Законот и Уставот на Р.Македонија за да ги потсетат судиите дека се таму поставени за да ги штитат и практикуваат нив, а не криминалот и корупцијата.