Премиерите од регионот со Могерини во Брисел

by fokus

Почна заедничката вечера на премиерите од земјите од западен Балкан, Александар Вучиќ (Србија), Иса Мустафа (Косово), Денис Звиздиќ (БиХ), Еди Рама (Албанија) и Душко Марковиќ (Црна Гора) и мандатарот за нова влада на Македонија, Зоран Заев, со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, во Брисел.

Тема на состанокот, како што е најавено е состојбите во регионот и заеднички напредок.

Пред ова, Заев имаше и одделна средба со Могерини.

Поврзани новости