Текстот е објавен во 2009 година во неделникот „Фокус“ во бројот 754
Пишува: Никола МЛАДЕНОВ
Министрите на ЕУ ја донесоа очекуваната одлука. Датумот за почеток на преговорите со Унијата ни е гарантиран, откако Грција ќе ги впише условите во гарантниот лист. Како што напишавме минатата недела, нашите аспира- ции се условени и орочени, до крајот на шпанското претседателство, кое ќе трае до 1 јули следната година. Значи, сакале-не сакале, во следните шест-седум месеци ќе биде ставен крај на без- малку дваесетгодишниот спор околу нашето име. Во тој период, ќе има уште малку лош театар, како од наша, така и од грчка страна, за, на крајот, граѓаните во двете држави да бидат презадоволни од постигнатиот компромис. Грците ќе тријат раце, затоа што успеале во намерата да ни го сменат името, а ние, пак, со гордост ќе треба да соопштиме дека конечно сме успеале да го сочуваме национа- лниот идентитет. Накусо, таков ќе биде расплетот на оваа ,вин-вин, драмолетка!
Од тие причини се случи и последниот бри- селски исход. Едноставно, Папандреу мо- раше да го повтори успехот на Караманлис од Букурешт. ПАСОК не смее да заостане ниту ми- лиметар зад ,патриотизмот, на Неа Демократија. Како тогаш ќе потклекне во финишот, за сепак да биде постигнат компромис? Лесно, со обвину- вање на претходникот, кој не успеал да издржи на цврстиот курс кон Скопје. Залудни биле сите на- пори на Јорго, оти, пред него, Костас веќе ја оплес- кал работата. Впрочем, за таа цел е обелоденет доверливиот грчки документ за ,предавничката, улога на Дора Бакојани, која лани, во Париз, пред нашиот Милошоски дигнала раце од чепкањето по нашиот идентитет. Очекувано, Дора го негира сето тоа, но, ПАСОК нема да ја пропушти шансата, за целосно да ја тргне вината од себеси или барем да ја сподели со политичкиот ривал. За таа цел, доволно е само малку да се освежи меморијата, па да се види дека ,капитулацијата, на Бакојани коинцидира со апелите на Даниел Фрид до нашите челници и севкупната ни јавност, да постигнеме компромис за името, оти само тоа е спорно, а не и идентитетот, во кој никој нема право да ни буричка!
Тоа се случуваше во втората половина од ланскиот септември, кога Бушовата администрација ги правеше последните напори за решавање на спорот, пред нејзиното заминување. Тоа е лесно докажливо, но, за грчка мака, не е и единствено зло во случајов. Одеднаш, Атина ќе биде таа што ќе констатира дека времето веќе не работи ниту за неа. Нормално, откако попуштила Дора, се помал број сојузници имале разбирање за нивниот проблем со нашето име. Доказ, големиот број држави, кои во понеделникот притискаа за утврдување датум за нашите ЕУ преговори. Па, да, она што една неспретна Дора го скршила, ни дузина вешти раце на Папандреу не ќе можат да го залепат..!
Конечно, доколку сето тоа не биде доволно, лично Саркози ќе ја соочи грчката јавност со резолуцијата за нашиот прием во ООН, каде спорот е лоциран само во името. Неговото решавање, пак, најпосле ќе треба да предизвика радост на грчките лица, оти, после долга битка, Грција дефинитивно го добила она што го барала – ново име за нејзиниот северен сосед. Мала работа ли е тоа, некоја држава да прифати кумство од не- пријателски расположен комшија?! Нормално дека Грците ќе добијат дополнителна доза потсету- вање на нивната меѓународна важност, оти, ниту една земја во историјата не се дрзнала да посака, а камоли да успее да оствари такво нешто. Бидете убедени, дека ќе извлечат и добра пара од европс- ката каса, како за покажаната волја за ,европско, решавање на проблемите, така и за улогата на иден главен поддржувач на Западниот Балкан до неговото влегување во ЕУ!
Отприлика така би требало да тече грчкото повлекување од максималистичките барања, да ни сменат се што примирисува на македонско. Нормално дека, патем, ќе се користат најразлични финеси за успешно амортизирање на евентуалното незадоволство, но, горе-долу, тоа ќе биде прашање на политичка техника, за која тие ќе си го берат гајлето ем профитот. Проблемот е, како сето тоа ќе се изменаџира кај нас, а, притоа, Груевски да не загуби ниту процент од прочуениот му рејтинг и ѓоа патриотски имиџ? Како тој да излезе без гребнатинка од оваа колосална манипу- лација со националните чувства на Македонецот? Како да се бања, а сув од када да излезе?
За белја, нашата власт ќе го има ,почетниот удар, во своевидниот стриптиз, кој ќе не остави угол голи, без никаква античка назнака на себе. Така волкот ќе стане задоволен од јагнето, кое најпосле ќе го убеди во својата питомост. Едно по друго, ќе паѓаат античките статуи пред Влада- та и новозакачените табли со имињата на нашите новооткриени претци, сосе тужбата во Хаг. Тоа ќе изгледа мизерно, но, ниту една жртва нема да биде залудна во битката за спасување на идентитетот. Словенскиот, разбира се. Досегашното античко перчење, Груевски ќе го претстави како ептен му- дра тактика. Демек, сето тоа го правел од патриотс- ка желба, да има што да дава, како влог во одбра- ната на државјанството, јазикот, културата… И, се ќе оди мазно, до моментот кога искрените трагачи по нашите корени ќе сфатат, дека т.н. антиквизаци- ја била уште еден Илинден, дигнат пред време и осуден на тотален пораз. Откако ќе добиеме пот- врда за словенскиот идентитет, сите идни откритија за нашето евентуално античко минато, светот ќе ги третира со отворен потсмев. Нема да знаат, кутрите, дали навистина сме пронашле нешто автентично или повторно се работи за некој политички фалси- фикат. На тој начин, Грците ќе можат да го слават Груевски, како Македонец кој на тацна им ја предал тапијата на античкиот македонски период!
Се разбира, разгаќувањето нема да помине без критика. Ќе се бунат сите оние што се бунеа и до сега. Меѓутоа, се додека Б.Ц. е на чело на опозицијата, власта нема да има реална причина за загриженост. Впрочем, жестоката реторика кон про- тивниците ги дава првите резултати. Тито Петковс- ки веќе се самоукина по ова прашање. На Љубета веќе му пресудува ,гласот на народот,. Албанскиот фактор однапред поздравува секакво решение, кое не води кон НАТО и ЕУ. Реално, манипулацијата може да се изведе без некое видливо оштетување на владиниот брод. Евентуалните пукнатини, пак, ле- сно би се крпеле со зголемените шанси за економс- ко закрепнување во периодот по влегувањето во НАТО и започнувањето на ЕУ преговорите. Но, сево ова има смисла, доколку Премиерот не лаже, кога вели дека не тој, ами Папандреу бил виновникот за сеуште ненаправениот компромис. Логично, Груевс- ки веќе се простил од името и неговата одбрана со фамозната двојна формула. Само тоа и ништо друго не може да се заклучи, кога нашиов итроманец вели дека, Грција е таа што не сакаше компромис,!
Така, значи, чекор по чекор, Преродбата спадна на Бранковите позиции за спорот со Грција. Прерод- бениците нон-стоп мелат за одбрана на иденти- тетот, иако првите луѓе на ЕУ и САД во Скопје, Фуере и Рикер, се отепаа од повторување на она што одамна го кажа и Даниел Фрид, дека само името е предмет на преговорите со Атина. Значи, Груевски ,мака ќе мачи, да го одбрани она што воопшто не е предмет на напад, за, на крајот, после ,јуначката, одбрана, никој да не го праша, зошто дигнал раце од името. Фала Богу, кој ќе мисли на име, кога сме успеале да го одбраниме идентитетот!? Просто како гравче, само што домаш- ниот есап не секогаш се поклопува со оној што може да те начека на вистинскиот пазар..!