Од денеска граѓаните ќе можат цел месец да донираат пари во ЗНМ, во солидарниот фонд, за помош на новинарот Томислав Кежаровски. Од ЗНМ велат дека со собирањето пари ќе му се помогне материјално на Кежаровски, бидејќи откако е затворен нема никакви приходи.
-Откако е затворен нема никакви примања, ниту неговата сопруга не може да најде работа. Кежаровски во изминатите две години поминал низ пекол, ни крив ни должен. Затоа ги повикувам сите граѓанин да донираат на солидарниот фонд за помош на Кежаровски, изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, на денешната прес-конференција.
Граѓаните може да донираат во солидарниот фонд за Кежаровски на трансакцискиот број: 300000003296484 – Комерцијална банка.
Селмани додаде дека Кежаровски е невин, а истакна и дека нема да го коментира условниот отпуст се додека не пристигне конечното решение до адвокатот на Кежаровски и потоа ќе даде изјава во врска со ослободувањето од издржувањето на преостанатата казна.