НЛБ Банка – најдобра банка во Македонија според Euromoney

by Fokus

На 11-ти Јули, 2018 година на свеченото доделување на Euromoney наградите во Лондон, НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Македонија.

Ова награда е уште една потврда за особениот успех во надминувањето на сите поставени предизвици на Банката, посветеноста на сите вработеникако и постигнатите извонредни финансиски резултати.

Во своето соопштение магазинот Euromoney објаснува зошто НЛБ Банка АД Скопје ја прогласи за најдобра банка во Македонија за 2017 година:

 „Натпреварувајќи се на висококонкурентен банкарски пазар, банката која се истакна со резултатите минатата година во Македонија е НЛБ Банка АД Скопје, благодарение на остварената доминатна профитабилност во секторот, подобрениот квалитет на средствата и инвестициите во дигитализацијата.

 Банката оствари поврат на капиталот од 28% како резултат на остварената добивка од 40 милиони евра што претставува годишен пораст од 60%. Овој импресивен резултат во голема мера беше поттикнат од силниот раст на кредитирањето на населението, работењето со картички, платежните услуги и продажбата на осигурителни производи. За истото придонесе и зголемувањето на нето каматната маргина на 4,9%, а фокусот на ефикасноста ја одржа стапката на трошоци во однос на приходите на само 38%.

Вкупната актива се зголеми за 7,2% во 12-те месеци до крајот на декември 2017 година, во согласност со растот на кредитирањето и депозитите, со што НЛБ Банка АД Скопје оствари учество од 16,4% на локалниот пазар. Учеството на нефункционалните кредити се намали за 0,5 процентни поени и изнесуваше 5,2%, додека на крајот на годината стапката на адекватноста на капиталот порасна на 14,4%.

Дигиталниот развој на Банката за периодот за кој се наградува вклучува лансирање на НЛБ мПроклик – мобилна апликација за правни лица, како и континуираното надградување и степенот на користење на НЛБ мКлик – мобилната апликација за физички лица.

НЛБ Банка АД Скопје согласно својата стратегија во фокусот на работењето го има задоволството на своите клиенти и континуирано и посветено работи на изнаоѓање на најоптимални решенија за секој поединечен клиент.

Банката и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и креативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува и проширува мрежата на експозитури на Банката. На тој начин на своите клиенти им дава избор  да се одлучат за новите и современи или за традиционалните начини на работење со Банката.

ЗА НАГРАДАТА

Euromoney Award for Excellence се награди кои навистина им значат на банките. Естаблирани се од 1992 година и се први од својот вид во глобалната индустрија. Оваа година 1500 банки влегоа во конкуренција за 20те глобални и 50-те регионални награди, како и за наградата за најдобра банка во речиси 100 земји од светот.

 

Поврзани новости