Директорката на градинката Корчагин: Разговарав со мајката на бебето, запознаени се и градоначалникот и стручните служби

by Fokus

Откако денеска мајка сподели дека нејзиното бебе било изгризено и повредено додека било на дневен престој во детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“, „Фокус“ се обрати и до директорката Лидија Поповска за да ни каже што се случувало и дали таа е запознаена со случајот.

„Откако дознав за денешниот случај, објавен на социјалните мрежи од родител на дете од детската градинка ЈУДГ на Општина Центар “Раде Јовчевски Корчагин“, веднаш стапив во контакт со мајката на детето. Поканата за средба и разговор во врска со немилиот настан, мајката ја одби и телефонски ми објасни што се случило. Во разговорот, мајката ми кажа дека го примила детето од негователката и и’ било посочено дека имало црвенило на кожата на телото, најверојатно настанати од некој инсект. По телефонскиот разговор, во текот на денот, мајката го однела детето на преглед во болница, каде е констатиран хематом на главата и гризнувања и лекарот кој го прегледал детето го пријавил случајот во полиција – истакна директорката Поповска за „Фокус“.

Таа додека дека од сите негователки и вработени во јаслите е побаран писмен извештај и е разговарано за ситуацијата.

„Градоначалникот на општината, како и стручните служби се запознаени со случајот, разговарано е со родителите и заедно со градинката “Раде Јовчевски Корчагин“ работиме на целосно расчистување на настанот – се наведува во одговорот од директорката.

Поврзани новости