Врнежите од дожд во текот на јануари и февруари и снегот кој наврна претходниот викенд, овозможија нивото на езерото Козјак да порасне за дваметри, но тоа се уште е далеку од водостојот од пред 5-6 години кога беше длабоко над 120 метри.
Незапамтената суша што ја зафати земјава во втората половина од мината година, придонесе сите акумулации драстично да се намалат, а овој проблем не го заобиколи ниту најголемото вештачко езеро во земјава Козјак, чија големина буквално се преполови, а водната површина се повлече десетина километри кон браната и длабочината на езерото опадна за над 30 метри.
– Врнежите од дожд кои беа поинтензивни во изминатите месец и половина, придонесоа водотеците во земјава да се зголемат а тоа овозможи и приливот на вода во езерото Козјак да се подобри.Но ако се има во предвид дека оваа акумулација имаше голем губиток на вода во изминатите 6-7 месеци, овој зголемен прилив незнатно ја подобри состојбата, но сепак е значајно затоа што езерото бележи пораст на водостојот кој деновиве е зголемен за околу 2 метри, што и визуелно е забележливо,информираа жители од селата во крај езерскиот појас, вели Миле Стојкоски од РЦУК Македонски Брод.
Тој истовремено додава дека оптимизмот за подобри денови на езерото ги базираме од сознанијата што најголемата притока Треска и останатите околни извори се доста богати со вода и ако не се испушта вода од езерото во количества колкав што е приливот, тогаш треба да се очекува натамошен пораст на нивото на езерото Козјак, додаде Стојкоски.