Премногу време на непотребност за оддавање внимание. Сега кога на тоа размислувам, едноставно си велам, ма тој брод нека плови, јас не се возам со него за да им кажам само дека оди во погрешен правец. Ќе се возам само со оној кој сака да сум на него, со оние кои сакам и сакаат да пловам со нив.
Со времето сфаќаш дека веќе не те тангира што мислат малите злобни души за тебе. Ги оставаш да се трујат во својот гнев, својот страв. Нивната завист им ствара желба да те вшмукаат во она што се самите втурнати. Но, сега знаеш дека не треба да трошиш време да го исчистиш целиот пат пред себе, туку едноставно си радосен што си способен и можеш да ги прескокнеш тие мали вирчиња со матна вода што, навидум, ти сметаат при одењето по патот за кој си решил. И кога тоа го правиш од горе ги гледаш и се радуваш дека во нив го нема твојот одраз, туку само црна тињеста вода која сама по себе еден ден ќе се исуши.