Дана по 2,5 години ја извади маската и го покажа лицето

by Фокус

Дана Вулин, 28-годишната девојка на која во февруари 2012 година ѝ изгоре 64 отсто од телото, вклучително и лицето, вчера, на австралискиот Канал 7, во емисијата Sunday Night, конечно собра храброст. Таа ја извади маската која ја носеше 2.5 години и го покажа лицето пред јавноста.

Дана Вулин настрада од љубоморната сопруга Наталија Димитровска (30), исто така од Македонија, која влезе во нејзиниот стан и ја запали со метил алкохол мислејќи дека Дана има афера со нејзиниот сопруг. Димитровска беше фатена во обид да избега во Македонија и доби затворска казна од 17 години за нанесување тешки телесни повреди.

Дана – дента кога беше запалена и денеска

На Дана Вулин ѝ беа извршени 30 операции, а во меѓувреме ѝ беше дијагностициран рак на матката. Операцијата помина успешно и сега Дана вели дека „не постои ништо што ќе ја спречи повторно да го живее животот“.

Поврзани новости