438
Засега нема реакција од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Никола Груевски за инцидентот што се случи за време на неговата прес конференција кога момче кое стоеше зад него падна и се онесвести. Притоа, никој од останатите кои стоеја зад Груевски не му помогна, а лидерот продолжи со својот говор.
По прес конференцијата Груевски продолжи да пишува статуси на Фејсбук, но не го спомна онесвестувањето на момчето.
На официјалната Фејсбук страница на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ стои видеото кое беше во живо емитувано од прес конференцијата и на кое се гледа онесвестувањето на момчето.