Димитров: Македонија е пример како не треба да се спроведува процесот на проширување на ЕУ

by fokus

Македонија е пример како не треба да се спроведува процесот на проширување на ЕУ, посочи денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа кој се одржа во Блед.

-На Македонија може да се научи лекцијата што не треба да му се прави на Западен Балкан. Потпишавме спогодба во 2001 година, станавме кандидат пред 12 години и сите успеси од тогаш се игнорирани поради политичкиот проблем со една земја-членка на ЕУ. Потоа дојде до запирање на реформите и ескалација во која граѓаните влегоа во Собранието. Тоа е тоа што може да и се случи на една земја кога нема перспектива, рече Димитров.

Како што јави ТАНЈУГ, шефот на македонската дипломатија нагласи дека Македонија е и пример што ќе се случи кога ќе се „омекне“ извештајот за напредокот на државата, кога нема доволно искреност и еволуција на состојбата, како и кога една земја ќе ги запре реформите.

Поврзани новости