Ниту сакаме, ниту смееме да се мешаме во работата на Уставниот суд, ниту ни беше таква намерата, рече судијката Антоанета Димовска за известувањето кое Судскиот совет го испрати до Собранието за престанокот на мандатот во Кривичниот суд на уставната судијка Добрила Кацарска поради исполнување на условите за старосна пензија.
-Не би сакала да го давам моето мислење, не сум надлежна за такво нешто. Само знам Собранието ги бира, Уставот точно наведува во кои случаи им престанува мандатот. Доколку трајно ја загубат способноста, или доколку си дадат оставка. Не сакам да го дадам своето мислење затоа што повторно ќе испадне дека се мешаме. Тоа е само известување до Собранието, дали Собранието воопшто ќе преземе нешто, дали ќе прави, дали ќе го прими на знаење, тоа не е наша работа, рече Димовска во гостувањето на Топ Тема на Телма.
Кажа дека известувањето го испратиле затоа што имале неколку одлуки на Управниот суд по тужби од судии кои ги пензионирале на 64 години.