Ниту едно обвинение по 21 кривична пријава на Левица

by fokus

Политичката партија Левица е една од најбрзо растечките партии во Македонија.

На изборите во 2020 година, партијата освои две пратенички места и успеа да влезе во Собранието. Партискиот лидер Димитар Апасиев стана пратеник заедно со Борислав Крмов.

Освен политичката борба што двајцата пратеници на свој специфичен, а за некој и контраверзен начин, ја водат во Парламентот, тие одлучија да се борат и правно: со поднесување кривични пријави за различни политички чинители.

ПРВ ПИК ЏАФЕРИ

Од 2018 година па до денес, Левица и нејзиниот правен тим имаат поднесено вкупно 21 пријава.

Главен пик им е претседателот на Собранието, Талат Џафери кој има „заработено“ четири кривични пријави.

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов вели дека целта на Левица со поднесувањето кривични пријави е да се реагира правно на сторено кривично дело.

Секако тука е и политичкиот момент каде преку кривичните пријави се обидуваме да го свртиме вниманието на јавноста на сторени криминали или злоупотреби на службена должност, вели Крмов.

На прашањето зошто ниту една пријава не е стигната до обвинение: дали поради начинот на поднесување или поради нешто друго, тој вели дека  Левица има одличен правен тим на чело со Димитар Апасиев, кој е еден од најголемите правни експерти во нашата држава, така да не може воопшто да стане збор за начинот на поднесување.

Пречестото отфрлање на пријавите го гледаме во преголемата партизација и политизација на нашето судство.  Во суштина е многу тешко да се процесираат кривични пријави за функционери на власт, заклучува Крмов.

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски кривичните пријави на Левица ги оценува како популистички, но и искажува сомнеж дека има премолчен договор меѓу сите партии дека по такви пријави никој од функционерите нема да одговара.

Ако е така, за што и тоа како лично искажувам сомнеж дека е, тогаш тоа е доказ колку е урнисан судско – обвинителскиот систем, и дека наместо трета независна власт, тој претставува продолжена рака на извршната власт, вели Атанасоски.

Катерина Смилева Божиновска

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

 

 

Поврзани новости