Ниту еден сведок не се појави на денешното рочиште за „Пулс“

by irena 19:01
19:01

Денешното рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ помина без присуство на сведоци кои претходно беа предложени од Основното јавно обвинителство, што отвори дополнителни дилеми околу динамиката на судската постапка.

Основен кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството за вклучување вешто лице од областа на психијатријата, кое треба да изврши проценка на состојбата на сведоците Ана Томева и Лина Крстова. Целта е да се утврди дали тие се способни повторно да сведочат, или нивните претходно дадени искази ќе бидат прочитани во судницата.

Во меѓувреме, Обвинителството не успеало да воспостави контакт со сведоците Александра Пепеларовска и Теа Ѓорѓиевска, поради што Судот одлучи да им бидат доставени официјални покани за следното рочиште.

Слична ситуација е и со сведокот Дарио Трифунов, кој според достапните информации се наоѓа на студии во Бугарија, но неговата точна адреса не е позната. И во овој случај е одлучено да се испрати судска покана.

На денешното рочиште беше прочитан и исказот на поранешниот менаџер на музичката група ДНК, Денис Даутовски, кој во моментов не е достапен за органите на прогонот. Тој во своето претходно сведочење пред Основното јавно обвинителство Кочани навел дека за поставувањето на сценската опрема бил задолжен сега починатиот Филип Стевановски.

Според неговите изјави, пиротехничките прскалки ги обезбедил Владимир Блажев – Панчо, додека нивната монтажа ја извршувал Мартин Буцо, заедно со самиот Даутовски во одреден период.

Даутовски навел дека прскалките се активирале истовремено, бидејќи далечинскиот управувач имал само едно копче. Тој додал дека употребата на ваква опрема најверојатно била најавувана при договарањето на настапите, но не му е познато дали истата била официјално пријавена кај надлежните институции.

Слични вести