Ништо од седницата за Законот за јазици, Џафери ја одложи на неопределено

by fokus

Претседателот на Собранието Талат Џафери го одложи продолжението на 32. седница  на која на дневен ред беше третото читање на Законот за употреба на јазиците, за кој ВМРО-ДПМНЕ поднесе 35.000 амандмани.

Седницата првично беше закажана за денеска во 12 часот, па беше одложена за 15 часот, за сега Џафери да ја одложи на неопределено.

Според информациите од Собранието, седницата ќе биде дополнително закажана.

Поврзани новости