Ништо не им пречеше дури преговаравме- ДУИ потсети што се прифатил Груевски

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ во текот на преговорите прифати закон за двојазичност, а не му пречеше ниту претседател на Собранието да биде од ДУИ- посочи денеска во Собранието, Џевад Адеми реплицирајќи му пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот од ДУИ потенцира дека преговорите со ДПМНЕ пропаднале само поради неусгласените ставови за СЈО.

-Еве веќе кога сакате отворено да ви кажам, проблемот со коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не беше Законот за јазиците, туку СЈО, односно продолжување на мандатот на ова обвинителство. Не беше проблем ниту Законот за јазиците, ниту пак тоа претседател на Собранието да биде од ДУИ. Проблемот беше само мандатот на СЈО- рече Адеми.

Димовски пак, не го негираше Адеми, туку почна да зборува за СЈО, обвинувајќи дека работи за СДСМ.

-Во последниот период од месец дена, СЈО се занимава и со ДУИ, иако две години се занимава со ВМРО- ДПМНЕ. На сите ние познато тоа, и вас и нас и на оние што нарачуваат истраги од СЈО и ним им е јасно- Димовски.

Инаку, на конститутивната седница на Собранието треба да се избере нов сообраниски спикер, но партиите се далеку од договор, бидејќи пратениците на ДПМНЕ со реплики и контра-реплики ја опструираат седницата.

Поврзани новости