За Груевски нема место во новата влада

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ е главен виновник за кризата и не може да биде дел од решението, порача денеска пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој рече дека постои договор за реформи според кој ќе се води новата влада, во која, како што рече, нема да има место за Никола Груевски.

Постои договор граѓански договор за промени, за единствена и унитарна Македонија, за Македонија со евроатланска иднина, договор против поделби, изолација. Тоа е договор преточен во 67 пратенички мандати од сите партии освен ДПМНЕ…Антонио Милишоски безуспешно се обидува да го наметне Никола Груевски како фактор. Ниту Груевски ниту ВМРО-ДПМНЕ не се повеќе фактор на одлучување во Македонија. Политичарите како Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ коишто ги создадоа проблемите, не можат да бидат дел од решението – порача Шилегов.

Тој им порача на ВМРО-ДПМНЕ да се помират дека се опозиција и да прекинат да ги кочат демократските процеси.

Поврзани новости