Јапонскиот производител на автомобили Нисан во вторникот објави дека ќе го продаде својот бизнис во Русија на државна компанија за едно евро, што ќе донесе загуба од околу 687 милиони долари.
Јапонската компанија објави дека ќе го пренесе сопственичкиот удел во Nissan Manufacturing Russia на државната компанија НАМИ.
Договорот ќе го гарантира правото на „Нисан“ да го откупи бизнисот во рок од шест години, истакна руското Министерство за индустрија и трговија, а министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров рече дека тоа е „многу важно за индустријата“.
Продажбата на бизнисот на НАМИ ги вклучува производствените и истражувачките капацитети на „Нисан“ во Санкт Петербург и продажниот и маркетинг центар на јапонската компанија во Москва, соопшти Министерството.