Македонец почина по нуркање на хрватскиот остров Вис

by fokus

Македонски државјанин починал откако му се слошило додека нуркал во областа Бриони кај малиот хрватски остров во Јадранското море, јави Индекс.

Веднаш била испратена брза помош да интервенира, но нуркачот веќе починал. Трагедијата се случила денес околу 11 часот во близина на островчето Равник, на 500 метри од заливот Рукавац на Вис.

Областа Бриони кај Вис е меѓу најатрактивните области за нуркање во Јадранското Море, каде што доаѓаат многу нуркачки ентузијасти од странство.

Поврзани новости