Нинџа побарал амнестија затоа што не носел качулка и оружје

by fokus

Обвинетиот за настаните од 27 април минатата година во Собранието, Александар Василевски Нинџа поднел барање за амнестија, пренесува НОВА.

Василевски побарал амнестија, со објаснување дека не бил организатор на упадот во Парламентот, не носел качулка на главата и не носел оружје.

Во рок од пет дена, Судечкиот совет ќе треба да одлучи дали барањето за амнестија ќе биде прифатено, а Нинџа амнеситран.

Исто така, барање за амнестија поднесоа и пратеникот Крсто Мукоски обвинетите  Никола Митревски Кољо, Оливер Радулов, Младен Додевски.

Поврзани новости