Нинџа на разговор кај Русковска, откако и пратил писмо дека добивал закани од осудени за “27 април”

by fokus 15:29
15:29

Александар Василевски -Нинџа, еден од осудените за „27 април“, денеска од затворот во Штип бил донесен во Обвинителството за организиран криминал и корупција, објави телевизија Алфа.

Нинџа, покрај тоа што беше обвинет и осуден, тој е и еден од сведоците на обвинителството за случајот што подоцна го отвори за организаторите на крвавиот четврток што се случи во Собранието, а кое судење е во тек.

Од Обвинителството за „Фокус“ велат дека Нинџа бил повикан бидејќи добивал закани од други осуденици за „27 април“.

-Лицето за кое покажувате интерес преку Управата за извршување санкции до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  достави​ писмо со информација дека добивало закани од други лица осудени за настаните од 27 април во Собранието на Република Северна Македонија.

Во насока на расветлување на случајот е повикано во обвинителството да даде исказ, велат од Обвинителство.

Директорот за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ вели дека писмото било испратено преку затворската управа.

-Осуденикот писмото го испратил преку затворската управа, по што било проследено до обвинителството, а по нивна наредба и бил спроведен, вели Стојановиќ за Фокус.

Звонко Давидовиќ, адвокатот на Василевски, пак вели дека дека тој не сака да коментира и да се обратиме во обвинителството.

Нинџа беше осуден на 8 години затвор како обвинет за “27 април”. Тој доби најмала казна. Не призна вина, но соработуваше со обвинителството, откривајќи многу детали кои и одеа во прилог на обвинителката Вилма Русковска.

На крајот од месецот на 27, 28 и 29 април се закажани јавни седници за случајот “27 април” во Апелација, по жалба на осудените.

В.В.

 

Поврзани новости