Нинџа: 27 април ќе се случеше порано ако ДИК одлучеше во корист на СДСМ

by Fokus

Александар Василевски – Нинџа денеска беше спроведен во скопскиот Кривичен суд да сведочи во случајот за организацијата на „27 април”.

Како што истакна тој, ноќта по изборниот ден на 11 декември 2016 година функционерите и раководството од ВМРО-ДПМНЕ ја прославувале победата во Скај бар во хотел Русија.

„Имаше насоки да се влезе во зградата на ДИК и да се дејствува во насока на заплашување на членовите на ДИК да не одлучат спротивно на замислата на ВМРО-ДПМНЕ. 27 април ќе се случеше порано ако ДИК одлучеше во корист на СДСМ“, рече Нинџа.

Поврзани новости