Нина Ангеловска избрана за нова министерка за финансии

by fokus

Собранието на Република Северна Македонија попладнево во рамки на 110-та седница со 64  гласа „за“ и 18 против ја избра Нина Ангеловска за министер за финансии.

Нина Ангеловска е родена во Скопје на 13 јули 1988 година. Средно образование завршува во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин, во 2010 дипломира на универзитетот „Св. Кирил и Медотиј“ – Економски факултет на Департментот Е-бизнис како најдобар студент на генерација со постигнат успех од 9,94. Таа е добитник на Манинговата награда за најдобар студент на полето на економски науки.

Претходно, пратениците од власта и опозицијата наместо да дебатираат за новите министри и заменици министри, поголем дел од времето на седницата го посветија на меѓусебни обвинувања за состојбата со економијата, инвестициите, за предвремените избори, како и за владеењето на правото.

На обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за лошата состојба во економијата, премиерот Зоран Заев рече дека опозицијата се обидува да ги манипулираат граѓаните за финансиската состојба во државата.

Тој додаде дека правната сигурност овозможи рекордни странски и домашни директни инвестиции кои го зголемија приходот во Буџетот и ја зајакнаа неговата кондиција со што се отвораат и нови можности.

Заев истакна дека сите извештаи за нашата земја во последните три години велат за владеењето на правото дека е подобрено.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељановски од собраниската говорница упати совет до  Нина Ангеловска, велејќи и дека треба да биде внимателна и да не подлегнувате под нивно влијание, бидејќи ако дојде до некаква одговорност сите ќе кажат дека секој си одговара за своите постапки.

Поврзани новости