Градоначалникот на Чашка: Страотен пожар кај село Војница, апелирам сите граѓани да помогнат!

by fokus

Градоначалникот на оштина Чашка, Горан Стојановски предмалку на Фејсбук алармираше дека има нов голем пожар во близина на селото Војница. Ги повика сите граѓани доброволци да помогнат.

-Нов, страотен пожар во близина на село Војница. Пламените јазици се шират со голема брзина. АПЕЛИРАМ до граѓани доброволци да помогнат. Станува алармантно!, напиша градоначалникот.

Поврзани новости