Грчкиот медијатор Метрју Нимиц jа чека новата влада за дојде во Македонија. Тој разговарал со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас за спорот за името во Њујорк, но и со новиот Генерален секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш.
Според Нимиц најважно во моментов е да има нова стабилна и функционална влада во Македонија за да може да продолжи преговарачкиот обид за наоѓање заеднички прифатливо решение.
-Важно е да имаме две функционални влади во двете држави и ако сте медијатор нема поента да се обидувате да вршите медијација ако една од двете страни нема влада- потенцирал Нимиц.
Тој посочил дека и Гутереш има изразено интерес за спорот, како и дека веќе му има дадено материјали за да го запознае и да го подготви со деталите околу преговорите за името пред неговата средба со Коѕиас.