412
Медијаторот во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ вели дека нема нов предлог за името, туку на средбата закажана за 17 јануари во Њујорк ќе излезе со предлог-идеи за кои веќе се диксутирало во минатото.
– Позитивен моментум меѓу двете земји. Мислам дека граѓаните во двете земји можеби се подготвени да слушнат одредени солуции, што се од нивни заеднички национален интерес, но исто така дека има одреден компромис тоа да се реши -рече Нимиц.