730
Специјалниот претставник на Обединетите нации и медијатор за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц до крајот на работнава недела ќе пристигне во Скопје, пренесува МРТ од извори во Вашингтон.
Нимиц нема да ја посети Атина, туку само Македонија, а предвидени се средби со државниот врв.
Инаку, во интервју за грчки весник, Нимиц изјави дека решавањето на прашањето за името треба да биде високо на агендата на новата влада.