396
Договорот за името меѓу Македонија и Грција најверојатно ќе се потпише на македонска територија во Преспа, и тоа во недела. Како што е познато договорот ќе го потпишаат двајцата министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а на потпишувањето ќе присуствуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Сведок ќе биде медијаторот од ОН, Метју Нимиц. Како што најавуваа дел од медиумите, на потпишувањето се очекува да бидат присутни и првиот човек на ОН, Атонио Гутереш, и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
„Катимерини“ пишува дека во Преспа ќе биде присутен и првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг.