371
Грчкиот весник “Катимерини” најави ново доаѓање на медијаторот на ОН Метју Нимиц во Македонија, по формирањето на новата влада. На почетокот на 2017-та, Нимиц е со план да го посети Скопје за да ги чуе новите планови на Владата, па Атина.
-Медијаторот на ОН, кој во септември се сретна со министрите за надворешни работи на двете држави, од искуство знае дека предуслов за да има напредок во преговорите е да постојат силни влади и во двете држави-пренесува грчкиот весник „Катимерини“.
Според весникот, западните дипломати стравуваат дека доколку се формира слаба и нестабилна Влада во земјава, тешко ќе се справи со затворање на спорот со името.