1.2K
Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски вечерва на својот Фејсбук профил информираше дека во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство запленет е путер со поминат рок на употреба.
„Во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје е пронајден и запленет путер со поминат рок на употреба. Производот е повлечен од пазарот. Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност!“, посочи Николовски