Министерството за земјоделство му доделило неколку тендери за чистење на канали за одводнување и наводнување во висина од половина милион евра на Силекс, во време кога Михаил Цветков е и министер за земјоделство и член на Управен одбор на АД Силекс, друштвото кое се јавува како основач на компанијата што ги добива тендерите – Силекс Неметали, обвини денеска доплнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски.
– Ова е скандал од огромни размери, класичен судир на интереси, злоупотреба на државни институции и злоупотреба на парите на граѓаните за бизнис интересите на фамилијата. Не е доволна оставка од Цветков. Ги повикувам итно Државната комисија за спречување на корупција, обвинителствата и надлежните институции да покренат постапки, истраги и одговорност веднаш! Ние тоа ќе го направиме во интерес на граѓаните и земјоделците – зијави Николовски.
Инаку, сопственик на Силекс е Љубислав Иванов – Ѕинго, лидер на Социјалистичката партија од каде доаѓа и министерот Цветков.