Николовски: Целосно ја вративме довербата кај македонското гласачко тело

by fokus

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски во вечерашното гостување на ТВ 21 коментирајќи ја оставката на Игор Јанушев рече дека трендовите на последните избори покажале дека СДСМ целосно ја вратила довербата кај македонското гласачко тело.

-Не знам зошто неочекувано Јанушев поднесе оставка, кога ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев велеа дека ќе победат 8:1 во третата изборна единица. Токму тие граѓани им ја пратија пораката на овие избори. Трендовите се јасни, дека целосно ја вративме довербата кај македонското гласачко тело. Нормално после таков пораз, треба оставки. Со новиот генерален секретар не сме се чуле, но со многу луѓе од ВМРО-ДПМНЕ имаме контакти, има и таму луѓе со капацитет. Му посакувам многу здравје и да се избори за промени во партијата, да не биде веќе контолирана од тајкуни, вели Николовски.

Поврзани новости