Николовски: Ако Димова не си поднесе оставка, ќе ја разрешиме

by fokus

Во „Клик Плус“ вечерва на ТВ21,  вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски го искажа своето мислење околу последните случувања со Националната агенција, и директорката Лидија Димова околу европските пари.

-Станува збор за европски пари, и ние сме во процес на почеток на преговори со ЕУ, ги отвораме поглавјата, и не чекаат огромни предизвици. И без оглед за чии пари станува збор, законот мора да важи за сите. Нема недопирливи, и не треба да има. Димова е на став дека не треба да поднесе оставка, и тоа прв пат ќе го кажам дека јас имам друго мислење. Не сакаме да оставиме никаков сомнеж. Затоа јас ќе побарам од Димова да поднесе оставка. Ако тоа не го стори, тогаш ќе ја разрешиме, рече Николовски.

Поврзани новости