Николовски: Тендер од 25 милиони евра незаконски доделен на фирми блиски на власта

by fokus

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николвски денеска одржа прес-конференција, за како што рече, да обелодени уште еден скандал во рамки на Министерството. Николовски покажа документи според кои, како што тврди, фирми блиски до власта незаконски добиле тендер вреден 25 милиони евра.

-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 12.12.2015 година преку Бирото за јавни набавки објавилооглас за изградба на брана РечанинаОризарскарека – општинаКочани. Во Законот за јавни набавки во членот 26-а, став 2, постапката за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка, започнува врз основа на одобрение кое го издава Владата на Република Македонија. Одобрението од Владата е добиено на 29.03.2016 година, 3,5 месеци после објавувањето на огласот. На 28-ми октомври министерот Цветков ја потпишува одлуката за најповолна понуда за изградба на брана Речани на Оризарска река, општина Кочани, во висина од 1.593.378.335 денари или 25.908.590 евра каде што јавната набавка ја добиваат СИЛЕКС НЕМЕТАЛИ СТ ДООЕЛ Кратово и ТРАНСМЕТ ДОО Скопје.

Прашуваме, зошто немаме добиено никаков одговор на нашето барање за увид во тендерската документација? Зошто е објавен тендер, без да биде обезбедено одобрението од Владата? – праша Николовски.

Ниоловски ги повика Државната комисија за спречување на корупција, обвинителствата и надлежните институции да покренат постапки и истраги.

Поврзани новости