453
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, поддржува кратење на привилегиите кои ги имаат функционерите, откако претседателот Стево Пендаровски изјави дека се откажува од привилегиите кои му следуваат по претседателскиот мандат. Освен тоа Николовски вели дека за време на неговиот мандат како министер за земјоделство се откажал од сите свои дневници.
„Сите дневници во мојот мандат како министер ги донирав во хумани цели. Очекувам дека избраните функционери ќе бидат пример кога се на позиција. Уште повеќе, се откажав од функцијата и од сите привилегии. За да граѓаните се пред сите нас. Затоа сум за кратење на бенефиции на избраните и именувани лица. Со пример да покажеме!“, напиша Николовски на својот фејсбук профил.