Цеца дочекана со кревет со рози во Штип, актерката Анѓелка Нашкова главен ,,виновник” за изненадувањето!

by fokus

Десетици илјади посетители синоќа се забавуваа со песните на големата балканска турбо фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ во Штип, на традиционалната општинска манифестација Пастрмајлијада.

Пејачката пристигна во градот на пладне, а ја дочекало пријатно изненадување од кое останала без зборови. Имено, актерката од Штипскиот театар Анѓелка Нашкова и приготвила интересен дочек во хотелот каде што престојувала.

Се работи за елитниот Урбаниста – Бутик хотел, чиј сопственик е сопругот на Анѓелка, Кирил, а актерката со цел да остават добар впечаток кај ѕвездата, но и да и покажат дека им е голема чест што им е гостинка, целата соба ја прекрила со листови од миризливи рози. На креветот, на подот, но и на црвениот тепих низ ходникот по кој што поминала Ражнатовиќ.

Publiée par Urbanista – Boutique Hotel sur Samedi 21 septembre 2019

Покрај листовите од рози, на креветот за добредојде и оставиле и голем букет, како и украсна кутија со Рафаело бомбици.

-Цеца беше многу љубезна, пријатно се изненади од романтичниот дочек. Воопшто не се однесува како голема ѕвезда, се заблагодари за нашиот однос кон неа, се фотографиравме заедно. Немаше никакви посебни барања, освен што ни кажа дека и треба мир, за да се одмори пред настапот. По настапот за неа приготвивме вечера од менито, и драго ни е што ја угостивме – за ,,Фокус” раскажа сопственикот Кирил Нашков.

Тој вели дека и покрај тоа што нивниот хотел е релативно нов и постои помалку од две години, голем број на познати личности им гостувале.

Кај нив престојувала и фудбалската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, кога лани со неговиот син и пријатели беше дојден на лов во земјава. Исто така, им гостувале и многу музичари од регионот, како Аца Лукас, Северина, Николија, Раста…

Вечерва, на последната вечер од Пастрмајлијадата ќе настапи Данијела Мартиновиќ, која исто така била сместена во Урбаниста – Бутик хотел.

-Сакаме гостите да си заминат со убави спомени од кај нас, затоа се трудиме да направиме да се чувствуваат пријатно. Малите гестови обично знаат да предизвикаат пријатни чувства, а кога посетителите ни се задоволни, задоволни сме и ние – ни изјавија од хотелот.

Ова беше второ гостување на Цеца во Штип на Пастрмајлијадата. Таа беше главна музичка гостинка и пред четири години на истата манифестација.

Вики Клинчарова

Поврзани новости