Николовски: Победивме на парламентарни прв пат по 18 години, имаме стабилен партнер

by Фокус

Победата, довербата и одговорноста ја добивме од граѓаните по носењето на крупни историски одлуки, кои многу генерации на политичари одбегнуваа да ги носат, но се погоди оваа гарнитура, овие луѓе, кои храбро влегоа и ги донесоа одлуките, без оглед на рејтингот и позициите, рече генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за антикорупција Љупчо Николовски на Канал 5.

-Верувам во капацитетот, верувам дека ќе понудиме чесни одговорни и отчетни кадри, дека многу работи ќе бидат променети, не само кај ДУИ, туку и кај СДСМ, сите треба да се менуваме, да го менуваме начинот и менталитетот и како живееме и работиме, но сметам дека имаме стабилен партнер, нов чист четиригодишен мандат, во кој можеме да ги покажеме резултатите и да потврдиме – потенцира Николовски.

Тој посочи дека СДСМ по 18 години освои победа на парламентарни избори, а првпат тоа го стори од позиција на власт.

-На слободни фер и демократски озбори, граѓаните ни ја дадоа поддршката и го трасираа патот дека продолжуваме по евроатланскиот пат, ги поздравија одлуките по овие исклучително тешки околности по приемот во НАТО, почеток на преговорите со Европската унија – нагласи Николовски.

Поврзани новости