Николовски: Османи намерно го кочи реформскиот процес за Македонија да биде во ист пакет со Албанија

by Фокус 22:50
22:50

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, денес во емисијата „Само вистина“ јавно го праша вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи дали намерно го кочи рефорсмиот процес со цел Македонија да биде во ист пакет со Албанија.

-Реализацијата на планот 3-6-9 е само 42 проценти. Реализацијата на планот 3-6-9 е под Секретаријатот за европски прашања и го води вицепремиерот Бујар Османи. Сакам јавно да го прашам Османи дали е вистина дека има договор со министерот за надворешни работи на Албанија Бушати за намерно да се оспоруваат реформите во Македонија, со цел катастрофалното ниво на реформите во Албанија да не е толку забележително и за Македонија и Албанија да бидат во исти пакет во делот на реформи за евроинтеграции? И дали му е помило Македонија да е неуспешна за помалку успешна да е Албанија? – праша Николовски.

- Advertisements -

Тој истакна дека ова му го посочил сериозен извор, ама, како што рече, не може да го открие неговиот идентитет.

Поврзани новости