472
Наим Реџепи од кумановскиот огранок на ДУИ загина во денешната престрелка во тетовска Мала Речица меѓу две група на членови на албанската владејачка партија од Куманово.
Како што веќе објави Фокус, тој и другите учесници во инциндентот не биле во партиското седиште, но таму биле присутни нивни познаници и приврзаници, со кои биле во комуникација.
Неофицијално, причината за пресметката меѓу двете групи, од кои едната е блиска до поранешен пратеник и висок партиски фунцкионер, а другата се поврзува со актуелен член на Советот на Општина Куманово, е изборот на нов претседател на партискиот огранок на интегративците.