Николовски очекува 100.000 потписи против пописот, постапката почнува следната недела

by Фокус

Наредната недела ќе стартува иницијативата за собирање на граѓански потписи за укинување на Законот за попис, најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски. Тој посочи дека овие денови ќе биде објавен датумот од кога ќе почнат да се собираат потписите за кои рокот е 30 дена. Минималната бројка е 10.000 потписи, меѓутоа тој додаде дека очекува дека бројката да достигне 100.000.

-Има јасен политички договор за пописот. Тој се гледа и меѓу СДСМ и ДУИ. Во Македонија, за жал, пописот одамна не е статистичка операција, туку е политичка операција, особено по Охридскиот рамковен договор, кога Македонија стана држава на проценти, а не држава на граѓани кои што живеат во тука – изјави Николоски на Алфа ТВ.

Според него, таквиот политички договор создава нереални бројки и може да ја однесе цела држава во погрешен правец.

Поврзани новости