923
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на денешното обраќање пред јавноста даде до знаење дека неговата партија ќе ја формира новата Влада во Македонија и е фаворит на изборите.
„Со ваква кадровска понуда, носиме нов квалитет и нови стандарди во Северна Македонија. Оваа коалиција е апсолутен фаворит на изборите и тоа ќе се потврди на изборниот ден. Ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните и државата. Можеме, уште подобро и уште повеќе“, истакна Николовски.