Со кучиња трагачи околу гробиштата во Кавадарци ќе се бара исчезнатата Маре

by Fokus

Во тек на денешниот ден со кучиња трагачи ќе се бара исчезнатата Маре Дамјановска (72) за која од 9-ти март нема никаков траг.

Членови на семејството Дамјановски за ,,Фокус” велат дека ќе се пребарува областа околу кавадаречките гробишта, каде што таа била последен пат забележана, на денот на нејзиното исчезнување.

Како што ни изјави нејзиниот внук Дарко, таа последен пат е забележана на камерите на објект во близина на гробиштата, односно на патот кон Прилеп, околу 16 часот, околу два часа откако исчезнала.

На денот на исчезнувањето Маре била заедно со својата ќерка во банка во градот. Додека ќерката потпишувала документи во просториите на банката, таа излегла надвор и заминала во непознат правец. Семејството потврди дека Маре имала здравствени проблеми, односно не помнела ништо.

Била облечена во темна јакна, црни тренерки, црвена блуза, кафеави кломпи. Имала седа кратка коса, плави очи.

Сите кои имаат било каква информација да се јават во полиција или пак кај семејството на 077 956 125 – апелира семејството.

Вики Клинчарова

Поврзани новости