Николовски: Немаше дилема дека Заев треба да ја предводи Владата непречено во наредните четири години

by fokus

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва на Фејсбук порача дека на целосно демократски избори добиле јасен победник во лицето на #СДСМ и коалицијата #Можеме, со Zoran Zaev, како нивен избор за мандатар.

-При креирањето владина коалиција инсистиравме на обезбедување стабилност во следните 4 години. Предизвиците се големи. Не чека многу работа. Новите кадри мора да донесат уште посилни чекори напред во европската иднина на државата, како и одлучни реформи во борбата со корупција и прочистувањето на правосудството. Сето тоа со внимание и будност пред здравствено-економската криза и можноста за нови удари од Ковид-19. СДСМ и коалицијата “Можеме”, заедно со партиите ДУИ и ДПА, го прават мнозинството од 62 пратеници и продолжуваат понатаму кон составување на новата Влада. Зоран Заев, ќе биде премиер во наредните 4 години и заедно со најблиските соработници ќе даде се од себе да ги оствариме сите стратешки цели кои ги споменав погоре, пишува Николовски.

Тој додава дека коалицијата “Можеме”, е првата и најширока мултиетничка коалиција која настапила на едни парламентарни избори, коалиција предводена од СДСМ и БЕСА, како вистински општествени лидери.

-СДСМ како партија се гордее на тоа и порачуваме дека при изборот на предлог мандатар ниту сме биле ограничени, ниту ќе се ограничуваме на тоа од која етничка припадност ќе е таа личност. Во оваа ситуација, немаше дилема дека мандатарот треба да е Зоран Заев, како предлог на победничката коалиција “Можеме” и дека истиот треба да ја предводи Владата непречено во наредните 4 години зошто предизвиците кои се пред нас максимално сериозно бараат стабилност и цврстина, вели Николовски.

 

Поврзани новости