Николовски не знае колку пари се свртеле на бројчаникот , но вели нема недопирливи

by fokus

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски не знае колку пари се свртеле на фамозниот бројчаник по четиригодишното владеење на СДСМ, чиј главен адут беше токму враќањето парите што биле проневерени од минатата власт преку судските постапки. На новинарско прашање кои се точните бројки кои ги свртел бројчаникот преку конфискација, Николовски ги упати новинарите бројки да побараат од институциите, бидејќи тој ги решавал системските работи и проблеми и ја промовираше стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот

-Тука сме за системските работи и проблеми. Она што триесет години не функционирало, ако сме немале Закон за потекло на имот или ако немаме доволно инсттрументи во институциите или во моменталното закодавство кои ќе обезбедат неселективна бескурпулозна борба, на крај конфискација на имот, тоа денес го правиме на голема рдост на сите генерации. Ако постојано детектираме дека дигитализацијата е клучен сегмент и елиминирањето на човечкиот фактор за неселективно да испратиме порака дека криминалот е неисплатлив, денеска тоа го правие. Сега 1304 институции имаат обврска до 1 јануари да ги укинеме сите документи и постапки и да ги поврземе институците, рече Николовски.

Со Стратегијата ќе се зајакне интероперабилната соработка меѓу сите надлежни институции коишто учествуваат во процесот на финансиски истраги и конфискација на имот произлезен од кривични дела, така што ќе се зајакне нивната дигиталната поврзаност и навремена размена на податоци, како и кадровските и институционални капацитети на органите и нивна координација и меѓуресорска соработка во следење на протокот на пари и нивно прикривање и пренесување.

Поврзани новости