Николовски: Наместо во Македонија, Фолксваген отвора фабрика во Турција

by fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски денеска ја обвини Владата за лоша политика во однос на странските инвестиции.

-Во Јануари месец ова година премиерот Заев најави дека Фолксваген ќе отвори фабрика во Македонија, дури и го злоупотреби името на канцеларката Меркел и нејзиниот советник за надворешна политика Хекер. Деновиве официјално Фолксваген ја објави својата инвестиција таа за жал не е во Македонија таа е во Турција, вредноста е една милијарда и четиристотини милиони долари фантастична бројка, некаде околу една третина од целокупниот македонски буџет за споредба. Отвора 5.000 директни работни места и уште 10.000 индиректни работни места ќе произведува преку 300.000 автомобили. Според она што го објави Фолксваген Македонија за жал воопшто не ни влегла во финалната фаза на избор,  односно во финалната фаза на избор биле Србија, Бугарија, Романија и Северна  Африка но не и Македонија што  за жал уште еднаш потврдува со каков човек имаме работа со таков човек кој што ја лаже македонската јавност но и меѓународната јавност имаме работа човек кој што ден поскоро треба да замине на предвремени избори, рече Николовски.

Поврзани новости